Достапни линкови

Јанкулоска: Граѓаните да не живеат во страв


Гордана Јанкулоска: заканата од тероризам е реална

Гордана Јанкулоска: заканата од тероризам е реална

Македонските граѓани не треба да живеат во страв, но треба да бидат свесни дека заканите од тероризам се реалност во денешно време, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Република Македонија активно учествува и придонесува секаде каде што се гради светскиот мир и не може да биде исклучена од глобалните закани со кои се соочува светот дополни министерката во изјава за медиумите. Таа додаде дека за безбедноста на граѓаните МВР ги презема сите законски мерки кои му се во надлежност. „Ги извршуваме секојдневно, ги правиме сите потребни анализи и превентивни дејства и, се разбира, она што најчесто доаѓа како завршна фаза - репресивното дејствување, односно приведување лица осомничени за сторени кривични дела“ рече Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG