Достапни линкови

Адвокатите на ирачкиот потпретседател се откажаа од случајот


Тарик Ал Хашеми на прес конференција во Истамбул

Тарик Ал Хашеми на прес конференција во Истамбул

Адвокатите на ирачкиот потпретседател во бегство, обвинет за тероризам, се откажаа од случајот во знак на протест поради тоа што не им било дозволено да ги презентираат доказите пред судот. Судиите денеска не им овозможија на адвокатите на Тарик Ал Хашеми да презентираат записи на телефонски разговори и евиденции на состаноци со цел побивање на обвинувањата дека највисокорангираниот сунитски политичар организирал атентати на владини службеници. Потпретседателот, кој последен пат е виден од Турција, избегал од Багдад поради стравување за неговиот живот а по него е распишана потерница од Интерпол. Судот во Багдад назначи двајца нови адвокати кои би требало да ги заменат правниците кои се откажаа од случајот.
XS
SM
MD
LG