Достапни линкови

logo-print

Зголемен одлив на пари од грчките банки?


Грчката централна банка ги демантираше тврдењата на грчки медиум дека планирала да ограничи повлекување пари од банките. Весникот „Прото Тема“ објави дека за десет дена од банките биле повлечени пари во износ на сите трансакции од 2010 година. Според медиумот, веќе се ограничува префрлањето пари во странство а банката планира да определи и дневни лимити. Неделава медиумите јавија дека само во понеделникот од банките во државата се повлечени 900 милиони евра. На средба со политичките лидери грчкиот претседател Каролос Папуљас изјави дека добил информации од шефот на Централната банка дека по парламентарните избори од 6 мај, од депозити во банката се повлечени 700 милиони евра.
XS
SM
MD
LG