Достапни линкови

Груевски: Кога нам ни треба НАТО, добиваме лекции по политика


Премиерот Никола Груевски не очекува Македонија да добие покана за членство во НАТО на тековнуиот самит на Алијансата во Чикаго. Во интервју за Македонската информативна агенција претседателот на владата говори за, како што е наведено, „непринципиелен однос и политика на двоен стандард на Алијансата како и селективната примена на меѓународното право“.
„ Самитот е самит на земјите членки, ние сме само кандидат, кој кога им е потребен го користат, а кога нам НАТО ни треба, добиваме лекции по политика и по важност на принципот на солидарност и консензус, и тоа во смисла дека во политиката нема правда кога станува збор за односот на помоќниот кон помалку моќниот“ вели премиерот и дополнува: „Потоа ние треба да имаме чуство на вина дека тоа не сме го знаеле или разбирање дека така е тоа во политиката, нема правда или неправда има реалност или интереси“. Груевски смета дека во случајов станува збор за „класично извитоперување на суштината и основната цел на политиката“; „да се создаваат вредности а не само и по секоја цена да се штитат материјални интереси“.
XS
SM
MD
LG