Достапни линкови

logo-print

„Твитер“ блокиран во Пакистан


Пакистанската влада го блокираше пристапот до социјалната мрежа „Твитер“ поради ширење на материјали кои се сметаат за навредливи на Исламот. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“ ја пренесува изјавата на претседателот на Пакистанската агенција за телекомуникации Мохамед Јасен, кој рекол дека пристапот до „Твитер“ е блокиран поради содржини поврзани со натпревар за најдобра карикатура на пророкот Мухамед. „Фејсбук“, социјалната мрежа каде се организира натпреварот, се согласил да ги разгледа забелешките на пакистанските власти, додека „Твитер“ го одбил барањето. Многумина муслимани сметаат дека цртежите од пророкот Мухамед, па дури и оние кои не се навредливи, претставуваат богохулење.
XS
SM
MD
LG