Достапни линкови

Деветнаесетмина настрадани во поплави во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека најмалку 19 лица настрадале, додека педесетмина се водат за исчезнати во поплавите кои го зафатија северниот дел на земјата. Илјадници луѓе останале без домови во провинцијата Сари Пул и се згрижени во џамии и училишта. Поплавите се резултат на интензивните врнежи и топењето на снегот од најстудената зима во земјата во последниве петнаесет години.
XS
SM
MD
LG