Достапни линкови

Двајца убиени во напад во Авганистан


НАТО соопшти дека двајца коалициски војници загинале во напад во јужниот дел на Авганистан денеска. Локалната полиција соопшти дека најмалку две деца и неколкумина цивили биле повредени во експлозија на автомобил бомба, чија цел бил конвој на Алијансата во градот Тирин Кот. За сега не се открива идентитетот на загинатите. Инцидентот се случи неколку дена откако талибанските бунтовници убија двајца припадници на НАТО во база на Алијансата во провинцијата Кинар. Вкупно 24 странски војници загинаа во Авганистан месецов.
XS
SM
MD
LG