Достапни линкови

logo-print

Јанукович: Тимошенко не може да се лечи во странство


Се зачестија демонстрациите во Украина преку кои и` се дава подршка на екс-премиерката

Се зачестија демонстрациите во Украина преку кои и` се дава подршка на екс-премиерката

Украинскиот претседател Виктор Јанукович ја одби идеата за испраќање на екс-премиерот Јулија Тимошенко на лечење во странство пред одржувањето на европското првенство во фудбал следниот месец. Тимошенко отслужува седумгодишна затворска казна, осудена за злоупотреба на службената должност. Екс-премиерката моментално е во болница во градот Каркив по речиси тринеделен штрајк со глад. Забелешките на претседателот Јанукович следат откако Германија понуди медицинска помош за Тимошенко а повеќемина политички лидери повикаа на бојкот на натпреварите на „Еуро 2012“ во знак на протест на третманот на поранешниот претседател на украинската влада. Јанукович изјави дека законите во државата не даваат можност Тимошенко да се лечи во странство, и додаде дека постојат иницијативи за менување на легислативата.
XS
SM
MD
LG