Достапни линкови

Г8: Посветеност на економски раст и стабилност


Меѓу другото, лидерите се договориле да повлечат дел од државните нафтени резерви доколку настанат потреси на светските пазари од иранските санкции.

Меѓу другото, лидерите се договориле да повлечат дел од државните нафтени резерви доколку настанат потреси на светските пазари од иранските санкции.

Лидерите се согласни дека растот и работните места мора да се врвен приоритет, сето тоа во стабилна макроекономска средина.

Превземање на неопходни чекори за зајакнување и заживување на економиите, со посебна констатација дека вистинските мерки не се исти за сите, потоа охрабрување на дискусиите за генерирање на развој во Европа како и посветеност на фискална одговорност и структурни реформи. Ова се само дел од заложбите кои се најдоа во декларацијата „Кемп Дејвид“ која ја усвоија лидерите на земјите во групата Г8 на средбата во резиденцијата на американскиот амбасадор во Мериленд.


Лидерите се согласни дека владите во нивните земји мора да ја охрабруваат самодовербата и да го негуваат опоравувањето со зголемување на продуктивноста во склоп на одржлива и кредибилна макроекономска рамка. Дел од останатите теми кои се најдоа во декларадцијата се однесуваат на енергетика, беазбедност на храна, економската транзиција на Авганистан, транзицијата на блискиот исток како и политички и безбедносни прашања. Во заклучокот на документот е наведено: „Ја очекуваме средбата под претседателството на Обединетото кралство во 2013 година“.

Создавање консензус

Во изјава за медиумите по средбата Обама рече дека најголемите индустриски нации се согласни дека растот и работните места мора да се врвен приоритет, додавајки дека растечката европска економија е во сечиј најдобар интерес. Претседателот оцени дека се создава консензус околу потребата за промовирање на растот на работните места во Европа во услови кога континентот е соочен со должнички кризи.


Францускиот претседател Франсоа Оланд и американскиот претседател Барак Обама

Францускиот претседател Франсоа Оланд и американскиот претседател Барак Обама

„Европа секако е многу покомплицирана. Ја имаат Грција која е соочена со политичка и економска криза како и бавен раст и многу голема невработеност во неколку земји. Згора на се` за да се одлучи како да се оди напред, потребно е согласност од 17 држави во Европската унија. Ние го почитуваме тоа. Сепак, дебатата која се развива во Европа во последно време треба да ни даде доверба. Европа превзема значајни чекори за да се справи со кризата. Одделни земји и унијата кајко целина имплементираат реформи кои ќе ги подобрат перспективите за долгорочен развој“.

Американскиот претседател дополни дека неговите колеги од Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија и Канада ги препознаваат болните жртвувања кои луѓето во Грција ги направиле како резултат на економските притисоци во земјата.

Инаку, лидерите од групата Г8 изразија подготвеност да повлечат национални резерви во случај на пореметувања на светските пазари кои би резултирале од санкциите за Иран, поврзани со извозот на нафта од исланската република.
XS
SM
MD
LG