Достапни линкови

Економски грижи на лидерите на Г8


Меѓу лидерите на групата осум најразвиени земји на светот, собрани во Кемп Дејвид владее уверување дека Германија своето инсистирање на фискална дисциплина во Европа треба да ја врамнотежи со стимулирање на потрошувачката, со цел да се избегне финансиска катастрофа со глобални последици, јавуваат агенциите.
Највисоките претставници на земјите Г8 викендов разговараат во резиденцијата на американскиот претседател во Мериленд околу начините како да се намали должничката криза во Европа, а од друга страна да се зголемат потрошувачката и побарувачката и да се стимулира отворање на нови работни места. Во денешната расправа, претседателот Обама и лидерите на Германија, Франција, Канада, Италија, Велика Британија, Русија и Јапонија настојуваат да дојдат до консензус. Засега не е на повидок конкретен план за акција.
XS
SM
MD
LG