Достапни линкови

Кина го критикува извештајот на Пентагон


Хонг Леи, портпарол на кинеското МНР

Хонг Леи, портпарол на кинеското МНР

Кина го критикуваше годишниот извештај на американското министерство за одбрана во кое се проценува дека Пекинг ја зголемува својата воена моќ. Портпаролот на министерството за надворешни работи Хонг Леи изјави дека во извештајот неодговорно се коментира легитимниот и нормален развој на одбраната на Кина и побара САД да престанат да изнесуваат такви оценки.
Пентагон оценува дека меѓу главните цели на кинеската воена програма се зачувување на владеењето на Комунистичката партија и можна ескалација на непријателството со Тајван. Хонг пак изјави дека самоодбраната е главната цел на кинеската воена програма и таа не е наменета против ниедна земја.
XS
SM
MD
LG