Достапни линкови

logo-print

Во Токио прекинато водоснабдувањето поради загаденост со формалдехид


Доводот на вода за пиење е прекинат за повеќе од 200 000 домаќинства во околината на Токио, поради загаденост на истата со присуство на хемискиот производ формалдехид, соопштија властите. Градот Нода, кој е оддалечен од Токио 30 километри соопшти дека го прекина снабдувањето со вода во поголемиот дел од домаќинствата. Истото го направија и градовите Кашива и областа Чиба.
Телевизиските снимки покажуваат како граѓаните чекаат во редици да се снабдат со вода од камиони кои ги испраќаат градовите. Официјалните власти се уште не ги соопштуваат причините за загадувањето, но медиумите јавуваат дека загадената вода доаѓа од некоја фабрика.
XS
SM
MD
LG