Достапни линкови

Заканувачки пораки за авганистанските сенатори


Фазал Хади Муслимиар

Фазал Хади Муслимиар

Претседателот на Сенатот на Авганистан, Фазал Хади Муслимиар, потврди дека некои сенатори добиле закани во врска со стратешкиот договор со САД. Во изјава за радио Слободна Европа, Муслимиар вели дека заканите "нема да влијаат на одобрување или неодобрување на документот."
Голем број на членови на парламентот неодамна соопштија дека добиле заканувачки пораки на мобилните телефони доколку го одобрат договорот за стратегиско партнерство. Според нив пораките биле испратени од страна на таканаречениот Фронт на Мула Дадулах. Мула Дадулах беше висок талибански командант кој загина во американски напад во 2007 година.
XS
SM
MD
LG