Достапни линкови

logo-print

Обама: Комбиниран пристап на санкции и дипломатија кон Иран


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека лидерите на Г-8 земјите ќе останат посветени на користење на комбиниран пристап на санкции и дипломатија за да го натераат Иран да покаже дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Во својот говор на состанокот на Г-8 лидерите во Кемп Дејвид во близина на Вашингтон, Обама изрази надеж околу претстојните разговори во Багдад, но исто така потврди дека ќе продолжи со „комбинираниот пристап на санкции и притисок во комбинација со дипломатски дискусии ". Иран претходно соопшти дека санкциите поради неговата спорна нуклеарна програма треба да биде бидат укинати за време на разговорите во Багдад на 23 мај. Високи претставници на Иран ќе се состанат со претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија во ирачкиот главен град за да го одржат вториот круг разговори кои се случуваат по 15 месечен застој.
XS
SM
MD
LG