Достапни линкови

Осум мртви во бомбашки напад во Кабул


Бомбаш-самоубиец се разнесе на полициски контролен пунк во источниот дел на Авганистан, при што загинаа најмалку осум лица. Како што соопшти полицијата бомбашот стигнал до контролниот пункт во областа Али Шер и го активирал експлозивот при што загинале двајца полицајци и шест цивили. Самоубиствените бомбашки напади и насилствата во Авганистан продолжуваат откако шефовите на земјите членки на НАТО се собраа на самитот на Алијансата во Чикаго за да разговараат за безбедносни потреби на Авганистан по повлекувањето на голем дел од странските трупи од Авганистан во 2014 година.
XS
SM
MD
LG