Достапни линкови

Протести пред Турскиот конзулат во Басра


Околу 200 демонстранти се собраа пред Турскиот конзулат во јужниот ирачки град Басра, повикувајќи ја турската влада да престане да се меша во внатрешните работи на Ирак. Едно од нивните барања е да им биде предаден бегалецот Тарек ал-Хашеми, ирачкиот заменик претседател, на кого му се суди во отсуство во Багдад. Анкара соопшти дека нема да го екстрадира. Хашеми ги отфрла обвинувањата како политички мотивирани. Односите меѓу Ирак и Турција се влошија во последниве месеци. Во април, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини ирачкиот премиер Нури ал-Малики за предизвикување тензии меѓу Сунитите, Шиитите и Курдите. Ал-Малики одговори со обвинување кон Турција, велејќи дека таа се обидува да создаде регионална хегемонија.
XS
SM
MD
LG