Достапни линкови

Ван Ромпуј: Грција да има одговорност и солидарност кон останатите во ЕУ


Херман Ван Ромпуј

Херман Ван Ромпуј

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, одржа говор на Самитот на Г-8 во Кемп Дејвид во САД, каде искажа голема загриженост за политичката ситуација во Грција и побара од Грците да имаат „одговорност“ и „солидарност“ кон Европската унија, а не само да го бараат истото. Во своето обраќање на Самитот на Г-8 во Кемп Дејвид во САД, Ван Ромпуј уште еднаш потврдил дека иднината на Грција е во еврозоната.
- Еврозоната покажа значителна солидарност, снабдувајќи ја Грција со речиси 150 милијарди евра во заеми досега. Заедно со оваа поддршка, ЕУ прави огромни напори да помогне во заживување на грчкиот економски потенцијал, истакна претседателот на Европскиот совет, кој притоа посочи дека паралелно со ситуацијата во Грција, повеќето земји на Европската Унија се вклучени во многу амбициозни реформи за да го поправат својот долг и одржливост и да ја подигнат продуктивноста и подобрат конкурентноста.
Ван Ромпуј изразил надеж дека следната грчка Влада ќе дејствува во согласност со ангажманите на земјата и нејзината европска иднина. Континуирана реформа е најдобра гаранција за грчката економија и за иднината на грчкиот народ во еврозоната, заклучил Ван Ромпуј.
XS
SM
MD
LG