Достапни линкови

logo-print

Во Гостиварско приведени 30 албански државјани


Во акциска контрола на полицијата на поширокото гостиварско подрачје биле откриени триесет лица, албански државјани од кои само едно го имало регулирано својот престој. Седуммина од нив немале никакви документи.
Според СВР Тетово, контролата била спроведена во Гостивар и околината на селата Чегране и Врапчиште. Сите лица се приведени и задржани на разговор во гостиварскатаа полициска станица. Главно се работи за лица, економски емигранти кои во Македонија престојуваат заради работа.
Според портпаролот Марјан Јосифоски, откако инспекторите ќе ги завршат разговорите, најверојатно ќе им бидат поднесени и соодветени пријави. Доколку пак бидат утврдени прекршувања на законите,приведените ќе бидат депортирани во матичната земја и ќе им се забрани влез во Македонија за наредните две години.
XS
SM
MD
LG