Достапни линкови

Кинескиот активист Чен отпатува за САД


Слепиот кинески активист за човекови права Чен Гуангченг денеска од Пекинг со авион на Јунајтед Ерлајнс заминал за Соединетите држави, јавуваат новинските агенции. Стејт департментот потврди дека биле подготвени визите за него и неговото семејство. Чен е поканет да студира на Универзитетот во Њујорк. Тој во изминативе две недели беше во една болница во Пекинг откако претходно се засолни во американската амбасада откако избегал од домашен притвор. Овој случај предизвика дипломатски искри меѓу двете земји и тоа за време на посетата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Кина.
XS
SM
MD
LG