Достапни линкови

logo-print

Груевски: успешна посета на Кина


Петдневната посета во Кина беше многу успешна и од политички и од економски аспект. Ова го оцени премиерот Никола Груевски кој заедно со владиниот тим ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија. ,,Би рекол дека сме прва земја што настапува во Кина, откако пред две и пол недели кинескиот премиер на средбата со премиерите на Централна и Источна Европа објави дека Кина ќе алоцира 10 милијарди долари за поддршка на кинеските компании за инвестирање во земјите од Источна Европа,, оцени Груевски, додавајќи дека можностите за инвестирање во Македонија биле презентирани пред околу 500 компании во пет градови во Кина при што имало добар одѕив.
XS
SM
MD
LG