Достапни линкови

Прекинато лансирањето на првиот приватен вселенски лет


архива

архива

Првото лансирање на приватен лет за Меѓународната вселенска станица денеска било прекинато само неколку моменти пред полетувањето од Флорида. Одбројувањето на ракетата Спејс Икс Фалкон 9 било пред крајот кога дошло до автоматско исклучување од компјутерите во ракетата. Се уште не е јасно кога лансирањето ќе продолжи. Експертите оценија дека најавеното лансирање на капсулата со опрема за Меѓународната вселенска станица претставува пресвртница и историски чекор, бидејќи со тоа за прв пат една приватна фирма му се приклучува на краткиот список на земјите кои партиципираат во Меѓународната вселенска станица. До сега, само вселенските агенции на САД, Русија, Јапонија и ЕУ биле во можност да испратат бродови на Вселенската станица.
XS
SM
MD
LG