Достапни линкови

logo-print

Распуштен грчкиот Парламент, избори на 17 јуни


Претседателот на Грција Каролос Папуљас

Претседателот на Грција Каролос Папуљас

Претседателот на Грција Каролос Папуљас денеска го распушти Парламентот што беше избран на шести мај и распиша нови избори за 17 јуни. Претседателскиот указ, со кој е распуштен парламентот и се распишани нови избори поставен е пред парламентарната зграда, во која во четвртокот новите пратеници одржаа само две седници. Тоа беше најкраткиот парламент во грчката историја. Разговорите за формирање на коалициска влада пропаднаа откако двете левичарски партии одбија да учествуваат во неа.
XS
SM
MD
LG