Достапни линкови

Прием на ОМД во Чикаго за поддршка на Македонија


Обединетата македонска дијаспора со цел да ги поддржи напорите на Македонија за влез во НАТО, вечер во Чикаго организира прием на коj се поканети да присуствуваат македонскиот претседател Ѓорге Иванов, словенечкиот премиер Јанез Јанша и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Се очекува ОМД да им врачи награди на Јанша и на Давутоглу за нивната поддршка и придонес кон македонските интеграции. Македонската делегација отпатува за Чикаго, каде што на 20 и на 21 мај ќе се одржи самитот на НАТО. Делегацијата ja предводи претседателот Ѓорге Иванов, а во неа се министрите за одбрана и за надворешни работи Фатмир Бесими и Никола Попоски, амбасадорот во мисијата при НАТО Мартин Треневски и амбасадорот во Соединетите Американски Држави Зоран Јолевски. На приемот на ОМД се очекува да присуствуваат преку 250 гости.
XS
SM
MD
LG