Достапни линкови

ЕУ лидерите се за останување на Грција во еврозоната


Херман ван Ромпуј

Херман ван Ромпуј

Лидерите на Европската унија кои учествуваат на самитот на Г8 во Кемп Дејвид ја повторија нивната заложба Грција да остане во еврозоната. Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изјави дека Европа и натаму ќе се држи до плановите за заедничката валута во чии рамки е и Грција. Економската криза во Грција прерасна во политичка откако партиите кои се противат на условите за да се добие спасувачкиот пакет од 130 милијарди евра постигнаа успех на парламентарните избори на 6 мај. По неуспехот да се формира влада, за 17 овој месец се закажани нови избори.
XS
SM
MD
LG