Достапни линкови

logo-print

Лидерите на Г8 разговараа за Иран, Северна Кореа, Сирија


Лидерите на Групата осум најразвиени земји во светот во почетокот на нивниот дводневен состанок во Кемп Дејвид се согласиле дека е неопходно Иран повеќе да ги открие своите нуклеарни амбиции. На состонокот чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама, како што јавуваат новинските агенции, било заклучено дека е време поголем фокус да се стави врз ситуацијата во Сирија. Исто така, била потенцирана важноста да се натера Северна Кореа да ги почитува меѓународните норми во врска со нејзината нуклеарна програма или во спротивно ќе се соочи со поголема изолација. На самитот на Г8 се очекува денеска да се разговара за кризата во еврозоната и за други економски прашања, меѓу нив и за притисоците врз пазарите со нафата.
XS
SM
MD
LG