Достапни линкови

Ново сонце на слободата


Борче Стамов, потпретседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Борче Стамов, потпретседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние ја имаме енергијата која е потребна за напредок, енергија да ги следиме реформите, енергија да бидеме значаен фактор во донесувањето на одлуките. Енергијата за новата етапа од развојот на Македонија, пишува потпретседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стамов, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Почетоците на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ тесно се поврзани со почетоците на независна Македонија, ширејќи ги идеалите за независна и самостојна држава. Низ годините неуморно ја вложувавме нашата енергија во остварувањето на нашиот сон, европска Македонија, економски стабилна земја во која секој може да има убав и достоинствен живот, во која сите се еднакви пред законот и секој има свои обврски и одговорности пред државата.

Од истиот порив и во услови кога на земјата и беше најпотребно, на 4 мај 1991 година се роди Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тешките општествено-политички услови во кои се основа новата младинска политичка организација, желбата на нејзините предводници да се работи, да се опстојува и да се напредува со цел издигнување на положбата на младите во општеството беше посилна од се. Тогаш, новосоздадената Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ беше единствената младинска политичка организација која отворено се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за заокружување на македонската државност и нејзино меѓународно признавање.
Труд и постојанство, тоа е силата со помош на која човек станува најголем при секоја иницијатива. Ова е аманетот, пренесуван од генерација на генерација како пламен што не смее да згасне, што кога тогаш мора да се разгори. Денес го живееме сонот на Делчев, слободна и независна Македонија.

Од тогаш, па се до денес поминаа дваесет и една година. Дваесет и една година предизвици и искушенија, многу победи и многу тешки моменти. Дваесет и една година Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ растеше, се развиваше и напредуваше.

Труд и постојанство, тоа е силата со помош на која човек станува најголем при секоја иницијатива. Ова е аманетот, пренесуван од генерација на генерација како пламен што не смее да згасне, што кога тогаш мора да се разгори. Денес го живееме сонот на Делчев, слободна и независна Македонија.

И денес, како и пред 20 години, како и пред еден век, пред нас стојат сериозни предизвици, предизвици кои ја искушуваат нашата суштина и верба. Но, тие и не мотивираат да истраеме во нашата постојаност и цврстина, во нашата волја, во нашата верба, во самите нас.

Предизвиците нека дојдат, ние не бегаме од нив, ние смело ги очекуваме. Ова треба да е порака, која ќе ја подигне самосвеста, која ќе ја потенцира одговорноста кај секој од нас и ќе го зајакне духот, порака која ќе ја гради државата и нејзината иднина.

Предизвиците нека дојдат, ние не бегаме од нив, ние смело ги очекуваме. Ова треба да е порака, која ќе ја подигне самосвеста, која ќе ја потенцира одговорноста кај секој од нас и ќе го зајакне духот, порака која ќе ја гради државата и нејзината иднина.
Ние ја имаме Република Македонија чија самостојност, независнот и сувереност прославува 20 години. Ние сме должни да го надградиме тој дострел. Должни сме да ја чуваме и градиме нашата земја, да се бориме за неа, да работиме за неа и сето тоа да го правиме пред се од љубов кон Татковината, исто како што тоа го правеле нашите предци.

Зад нас остануваат многу проекти, трибини, хуманитарни акции и други активности на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Зад нас остануваат многу политички кампањи каде младите во нашата партија дадоа целосен допринос. Многу акции од врата на врата, многу теренски активности, многу состаноци за организирање на членството и привлекување на нови симпатизери.

Силата на младоста во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е изразена преку бројноста на нашето членство, кое од ден на ден, од генерација во генерација се повеќе расте, a прогресивните идеи и идејните патриотски определби, не’ прават цврсти поборници за почитување на вистинските животни вредности. Нашите членови се млади и успешни луѓе кои активно земаат учество во креирањето на својата иднина, во темелот на визијата и перспективата.

Доколку се обидуваме да пораснеме на какво и да е ниво, веројатно изворот на енергија за лично надградување треба да е поголем за секоја наредна, повисока етапа. Ние ја имаме енергијата која е потребна за напредок, енергија да ги следиме реформите, енергија да бидеме значаен фактор во донесувањето на одлуките. Енергијата за новата етапа од развојот на Македонија.
XS
SM
MD
LG