Достапни линкови

СРД и се заканува на А2 со одземање на дозволата


Советот за радиодифузија и даде дополнителен рок од седум дена на сателитската телевизија А2 да ја усогласи програмата со форматот што е содржан во дозволата.
Последниот извршен мониторинг покажал дека овој радиодифузер отстапува од доделениот општ – претежно забавен програмски формат со што сериозно го повредува Законот за радиодифузната дејност, којшто предвидува одземање на дозволата.
- Мониторингот на СРД потврди дека над 90 отсто од програмата на ТВ А2 се музички спотови, а недостигаат програми, што исполнуваат образовна и информативна функција, велат од СРД.
За ова, Советот за радиодифузија ги информирал стечајниот управник на А2, Ацо Петров и управникот на телевизијата Тони Николовски.
СРД неколкупати досега по извршените редовни мониторинзи на програмскиот сервис на оваа телевизија во кои што беа забележани сериозни отстапувања, и укажуваше на телевизијата на обврската за придржување до програмскиот формат од дозволата.
XS
SM
MD
LG