Достапни линкови

Пад на еврото и на акциите на берзите во Европа и Азија


Франкфурт -берза

Франкфурт -берза

Азиските и европските берзи регистрираа пад на акциите, а регистриран е и нов пад на еврото во однос на доларот поради стравот поврзан со грчката должничка криза и проблемите на банките во Шпанија. За оваа ситуација ќе се расправа и на самитот на Г – 8 кој почнува денеска во Вашингтон.
Претходно агенцијата Мудис го намали рејтингот на 16 шпански банки поради рецесијата во земјата и сомневањата дека шпанската влада може финансиски да интервенира во банките. Агенцијата за оценка на кредитниот рејтинг Фич пак, го намали рејтингот на Грција за еден степен од „Б-“ на „ЦЦЦ“.
XS
SM
MD
LG