Достапни линкови

Економист - опасности од излезот на Грција од еврозоната


Атина

Атина

Британското списание „Економист“ анализира дека постојат две големи закани пред кои ќе биде исправена еврозоната, во случај Грција да се повлече од монетарната унија.
Првата од заканите, кои „Економист“ ги гледа во излегувањето на Грција од монетарната унија, е заразата. Веќе никој не верува дека раководството на еврозоната е подготвено да ги донесе потребните мерки, за да ги убеди пазарите дека никоја друга земја нема да излезе од монетарната унија.
Европската централна банка е единствената надежна заштита против широката зараза и распадот на еврозоната, но никој не знае точно колку оваа банка е наклонета да направи се што е потребно за да го зачува стабилен банкарскиот систем.
Другата закана е дека евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе доведе до целосно уривање на грчката држава. Политичката ситуација е веќе хаотична и ќе стане уште полоша ако земјата се повлече од монетарната унија.
Ако еден разурнат политички систем не може да управува со своите финансиски проблеми, нужно ќе биде потребно печатње пари. А тоа ќе предизвика катастрофална хиперинфлација, која сериозно ќе ја влоши економијата на Грција, смета „Економист“.
XS
SM
MD
LG