Достапни линкови

Ќерката на Тимошенко побара помош од Конгесот на САД


Ќерката на затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко ги повика САД да продолжат со притисокот врз украинските власти за да ха ослободат нејзината мајка и другите политички затвореници.
Таа на видео конференција од Киев со Комитетот за безбедност и соработка со Европа на американскиот Конгрес порача дека и натаму е загрижена за здравјето на мајка и. Јулија Тимошенко е во болница на третман од долготрајни проблеми со грбот.
Осудена е на 7 години затвор поради наводни злоупотреби при договор за испорака на гас што го потпишала со Русија. Тимошенко негира какви било злоупотреби.
XS
SM
MD
LG