Достапни линкови

Ван Баален: останете конструктивни за името


На меѓународната заедница не и треба дополнителен аргумент, затоа што сме убедени во позицијата на Република Македонија, и нам не ни треба ново име за државата. Останете конструктивни во НАТО и во ЕУ како што бевте и досега, порача европратеникот и претседател на Либералната интернационала Јоханес Ван Баален на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Тој додаде дека за групата на евролибералите во Европскиот парламент името на Република Македонија не претставува проблем и оти и на неговите грчки колеги им порачал дека не ја именуваат Грција како поранешна провинција на Отоманската империја и затоа нема да го користат името ФИРОМ за Македонија. Тој е оптимист дека Грција по следните избори ќе заземе конструктивна позиција.
XS
SM
MD
LG