Достапни линкови

А2 нема да ја воскреснува А1


Имаме желба да направиме нешто ново, немаме желба за некаква пресметка. Ние не ја воскреснуваме А1, не од тоа дека не сакаме да ја воскреснеме, туку сметам дека А1 веќе е во историјата, нека си остане таква светла точка како што беше, вели уредникот на проектот Ацо Кабранов.

Советот за радиодифузија и даде дополнителен рок од седум дена на сателитската телевизија А2 да ја усогласи програмата со форматот што е содржан во дозволата.
Последниот извршен мониторинг покажал дека овој радиодифузер отстапува од доделениот општ – претежно забавен програмски формат со што сериозно го повредува Законот за радиодифузната дејност, којшто предвидува одземање на дозволата.
- Мониторингот на СРД потврди дека над 90 отсто од програмата на ТВ А2 се музички спотови, а недостигаат програми, што исполнуваат образовна и информативна функција, велат од СРД.
За ова, Советот за радиодифузија ги информирал стечајниот управник на А2, Ацо Петров и управникот на телевизијата Тони Николовски.
СРД неколкупати досега по извршените редовни мониторинзи на програмскиот сервис на оваа телевизија во коишто беа забележани сериозни отстапувања и укажуваше на телевизијата на обврската за придржување до програмскиот формат од дозволата.

Случајно или не, ваквиот став на СРД се поклопува со најавениот старт на информативна програма на А2 телевизија.
Во партизански услови, но со искусна новинарска екипа од вечерва на фрекфенциите на А2 стартува нов телевизиски проект. Идејата, како што вели уредникот на проектот Ацо Кабранов, им била да понудат нешто поразлично од веќе утврдената форма - ред вести/ред турски серии.
Толку од почеток само толку, ентузијастички, оти почнуваме малку партизанси. Студиото е поранешното студиот на телевизија 24. На крајот на краиштата јас сум бил секаде во светот никаде нема огромни студија. Ние и во А1 од една мала канцеларија правевме вести кои ја дрмаа државата.
Ацо Кабранов, уредник.

Она што од вечерва од 19 часот ќе им го сервираат на гледачите, како што велат, е нешто што веќе го има на странските телевизии. Дебати, но не во смисла да дебатираат еден од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ, туку луѓе, личности кои имаат што да кажат на одредени теми, потоа ќе има кратки вести, блок резервиран за социјалните мрежи, ќе има сторија на денот, објаснува Кабранов.

Ацо Кабранов.
Ацо Кабранов.
„Толку од почеток, само толку, ентузијастички, оти почнуваме малку партизански. Студиото е поранешното студио на телевизија 24 Вести. На крајот на краиштата јас сум бил секаде во светот, никаде нема огромни студија. Ние и во А1 од една мала канцеларија правевме вести кои ја дрмаа државата.“

Во претходна постапка или претстечјна постапка функционира раководството, не му се одземени ингеренциите, функционира, функционира, ако пуштите ќе видите не им е ускратена програмата, се додека не се одлучи за понатаму.
Ацо Петров, претстечаен управник.

Уредничкиот тим се уште се консолидира, тие се оние кои би требало да ги водат дебатите, ќе бидат ангажирани и десетина новинари, а се разбира тука се и луѓето за во дескот и за порталот, кој допрва треба да стартува.

Кабранов вели дека, што се однесува до финасиите, веќе не би сакал да работи со македонски бизнисмени.

„Сега ми е јасно дека сите тие ако направат медиум не го прават заради тоа медиумот да постои, туку заради свои цели кои во одреден момент би го искористиле, можеби на почетокот не, но подоцна сите тие си го користат медиумот да си ги завршат другите бизниси.“

Новиот телевизиски проект стартува на фрекфенцијата на А2 телевизија. Кабранов се надева дека нема да имаат опструкции од власта, ако е се во ред.

„Имаме желба да направиме нешто, немаме желба за некаква пресметка. Јас и затоа велам дека ние не ја воскреснуваме А1, не од тоа дека не сакаме да ја воскреснеме, туку сметам дека А1 веќе е во историјата, нека си остане таква светла точка како што беше.“

Фирмата е во предстечајна постапка и има блокирана сметка.

Претстечајниот управник Ацо Петров на последниот состанок со СРД ги информирал дека се чека одлуката на Апелацискиот суд по поништувањето на договорот за позајмицата со која беше платен долгот на А2 кај Управата за јавни приходи.

„Во претходна постапка или претстечјна постапка функционира раководството, не му се одземени ингеренциите, функционира, функционира, ако пуштите ќе видите не им е ускратена програмата, се додека не се одлучи за понатаму.“

Доколку се одземе фреквенцијата на А2, ќе се снаоѓаме, сателитски или со друга фрекфенција, вели Кабранов. Тој додава дека со стартот на новиот проект нема нешто драстично да променат во новинарството, јасно им е дека тоа е само еден мал чекор кон подобрување на состојбите, но, како што вели, ќе се обидат.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG