Достапни линкови

Брисел разгледува сценарија доколку Грција истапи од евро-зоната


Евро-комесарот за трговија Карел Де Гухт

Евро-комесарот за трговија Карел Де Гухт

Европската Комисија и Европската Централна Банка подготвуваат итно сценарио во случај Грција да ја напушти евро-зоната, изјавил претставникот на Европската Комисија за трговија Карел Де Гухт. Ова е прв пат некој официјален претставник на Унијата да потврди дека се подготвуваат и такви можни сценарија. Де Гухт додал дека пред година ипол постоела опасност од домино ефект доколку Грција истапи од евро-зоната, но оти сега се изработуваат итни сценарија доколку Грција си замине.
XS
SM
MD
LG