Достапни линкови

Акциите на Фејсбук со почетна цена од 38 долари


Фајсбук денеска почнува со продажба на акции на регуларни инвеститори. Почетната цена за една акција е 38 долари, а компанијата е проценета на над 100 милијарди долари, што е најголема вредност досега на една интернет фирма. Се очекува од продажбата на акциите, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, да инкасира околу 20 милијарди долари. Скептиците во врска со акциите на Фексбук се сомневаат во долгорочната перспектива на оваа компанија со оглед на брзите промени во социјалните мрежи. Фејсбук моментално има околу 900 милиони корисници во светот.
XS
SM
MD
LG