Достапни линкови

Нов бран на лаги и манипулации


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Кујните од каде што се готви бљувотината која подоцна се сервира на провладините медиумски мегафони е Центарот за комуникации со јавноста или поточно би било да го наречеме Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, пишува претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Последниве неколку години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт сведоци сме на, до сега невидена црна, валкана кампања која не бира средства и методи за остварување на посакуваната цел-комплетно обезличување и ширење лаги и невистини за политичкиот противник.

На социјалните мрежи се појавија документи испратени до комитети со писмени упатства што треба да се преземе во најразлични ситуации. Така на пример, советите беа од типот: ако се запали оган сите да одите да го гасите, ако има соседот свадба сите ќе играте, на погреб (не дај Боже) сите ќе плачете. Ова последново не знам дали важи и за економијата во државата, ама дефинитивно економијата ја погребаа така што можат да почнат и да ја оплакуваат.
При тоа не е тешко да се забележи дека најголемата владејачка партија во СДСМ не гледа политички конкурент, не гледа ни политички непријател, туку државен непријател и тоа најголем од сите непријатели на државата, а ако се прашуваат тие листата на таквите непријатели е прилично голема. И ова немаше да биде толку страшно доколку истата оваа партија со агресивна политичка пропаганда не се обидуваше ваквата перцепција да им ја наметне на сите.

Користејќи ги сите методи ставени на располагање Владата преку пренагласена себепромоција и рекламирање се обидува да создаде лажна слика за својата работа за која се потребни многу време и енергија целосно да се разобличи. Рекламите, видео спотовите, билбордите и целите кампањи се платени со парите на граѓаните. Тоа во превод би значело дека граѓаните ги плаќаат даноците на државата за државата со тие пари да им каже колку добро се живее во Македонија. Уште пострашно е тоа што парите на граѓаните се трошат со цел да се оцрнат и другите партии, организации и здруженија што не мислат исто како Владата.
Кујните од каде што се готви бљувотината која подоцна се сервира на провладините медиумски мегафони е Центарот за комуникации со јавноста или поточно би било да го наречеме Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ. Би било смешно, да не беше трагично, да ги гледаме како ги спинуваат, вадат од контекст и извртуваат информациите кои излегуваат во јавноста.

Бара крт во СДСМ при што прилично дрско шпекулираа и со имиња, а сиротите ловејќи кртови во туѓи дворови заборавија дека кртот полесно може да излезе од нивниот двор. На социјалните мрежи се појавија документи испратени до комитети со писмени упатства што треба да се преземе во најразлични ситуации. Така на пример, советите беа од типот: ако се запали оган сите да одите да го гасите, ако има соседот свадба сите ќе играте, на погреб (не дај Боже) сите ќе плачете. Ова последново не знам дали важи и за економијата во државата, ама дефинитивно економијата ја погребаа така што можат да почнат и да ја оплакуваат.

Особено се интересни кога ќе почнат да вадат од контекст коментари од Фејсбук, така се обидоа да извртат коментар на пратеничка од СДСМ со кој таа наводно поддржувала насилство. Тактиката ни е на сите многу добро позната, манипулацијата прво излегува на интернет порталите под контрола на владејачката партија, потоа истата е прв прилог на вестите, потоа во ток-шоуто Дневник на една телевизија каде што главниот уредник си раскажува приказни пред камерите како да раскажува бајки за мали деца на некоја потпросечна локална телевизија.

Редовните кадровски смени во партијата ни ги претставуваат како некаков си „нов бран“, имаат обезбедено и „нов бран“ дечки купени за евтини пари кои потекнуваат од други партии (дечките треба да бидат по можност исвиркани, несериозни и ноторни лажговци). Ваквите дечки им служат за измислување на проблеми кои наводно постојат во други партии, претставувајќи се како се уште да се членови и душегрижници кои сериозно се загрижени за состојбите во овие партии. За среќа кај нас помина „бранот“, иако ние не го нарековме така, нашиот „нов бран“ ги однесе таквите и сега е многу подобро без нив. Сега истите можат слободно да јадат бурек или што и да јадат, џабе ќе им биде трудот, тие својата шанса во СДСМ ја прокоцкаа. Ете им сега можност да јаваат на новиот бран на ДПМНЕ.

Секоја кампања, секоја реклама не е ништо друго освен една голема лага или манипулација подготвена во валканите кујни на оваа власт. Зарем не им остана ни малку етика, ни морал да се обидат чесно да ги добиваат политичките битки. Промовираа до сега невидена хипокризија во ова општество. Крајно време е сите ние кои што сме згрозени од одвратноста на постапки да се обединиме и да ги тргнеме од кормилото на власта пред да се обидат хипокризијата да ни ја наметнат како религија.
XS
SM
MD
LG