Достапни линкови

Бан Ки Мун: Ал Каеда стои зад дел од нападите во Сирија


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави синоќа дека верува оти Ал Каеда стои зад двата самоубиствeни напади со автомобил бомба при кои во Дамаск на 10 мај загинаа 55 а ранети беа 370 луѓе. Тој додаде дека инволвираноста на Ал Каеда во регионот „создаде многу сериозни проблеми“. Сириските власти во изминатава година тврдеа дека зад насилството во земјата стојат терористи. Сириската влада испрати список со имиња на 26 странски државјани кои биле приведени во текот на борбите низ земјата, тврдејќи дека 20 од нив се членови на Ал Каеда кои влегле во Сирија преку Турција.
XS
SM
MD
LG