Достапни линкови

logo-print

Израел ќе добие пари од САД за анти-ракетен штит


Леон Панета, американски секретар за одбрана

Леон Панета, американски секретар за одбрана

Пентагон соопшти дека САД ќе му даде на Израел дополнителни 70 милиони долари годинава за анти- ракетен систем. Секретарот за одбрана Леон Панета изјави дека Обама побарал од него да им го исполни барањето на Израел со цел да се создаде заштита од можни напади од иранската воена мрежа.
Тој по средбата со неговиот израелски колега додаде дека негова задача е да се осигура оти Израел ќе има доволно пари за да може да ги заштити своите граѓани. Вашингтон досега има обезбедено околу 200 милиони долари за одбранбен систем кој има за цел да пресретнува ракети со краток опсег и минофрлачи.
XS
SM
MD
LG