Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад сака да присуствува на Олимписките игри во Лондон


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека сака да оди на Олимписките игри во Лондон со цел да ги подржи иранските спортисти но смета дека Британија има проблем со неговото присуство. Иранската новинска агенција Ирна ја пренесува изјавата на претседателот кој вели дека сака да биде со иранските спортисти, додавајки дека Британците негодуваат за тоа. Претседателот нема понудено дополнително објаснување. Британија заедно со други западни земји стравуваат дека нуклеарната програма на официјален Техеран се користи за проиазводство на оружје.
XS
SM
MD
LG