Достапни линкови

Баросо: ЕУ сака Грција да остане во Еврозоната


Европската унија ќе ги почитува обврските кон Грција за на земјата да и обезбеди останување во еврозоната, но официјална Атина исто така мора да ги исполни своите обврски кон унијата, смета претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. „Кога станува збор за Грција, сакам повторно јасно да истакнам дека сакаме земјата да остане во еврозоната. ЕУ ќе стори се за тоа да го обезбеди“ се наведува во приготвениот говор што Баросо ќе го оддржи во Обединетите нации, пренесуваат агенциите. „Ние ќе ги почитуваме нашите обврски кон Грција, но очекуваме и владата во Атина, како сегашната така и идната, да ги исполнат заеднички договорените услови за добивање финансиска помош“ додава претседателот на ЕК.
XS
SM
MD
LG