Достапни линкови

logo-print

Европска агенда за придвижување на турските евроинтеграции


Штефан Филе

Штефан Филе

Европската комисија и Турција започнаа со таканаречена „позитивна агенда“ за придвижување на земјата во евроинтеграциите. Иницијативата подразбира создавање на работни групи кои ќе работат на услогласување на турското законодавство со европското и ќе ги поттикнуваат реформите во земјата. Еврокомесарот Штефан Филе на конференција во Анкара рече дека целта е „одржување во живот на пристапниот процес и негово враќање на вистинскиот пат по период на стагнација кој бил извор на фрустрации за двете страни“. Турција ги почна предпристапните преговори пред седум години но процесот се замрзна поради спор околу поделениот остров Кипар.
XS
SM
MD
LG