Достапни линкови

Инциденти на геј парадата во Тбилиси


Околу 200 активисти на грузиската православна анти-хомосексуална група нападнаа геј активисти во Тбилиси денеска за време на одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобија. Полицијата морала да интервенира за да ги прекине соочувањата меѓу Православната родителска унија и хомосексуалните активисти. Нема информации за сериозно повредени. Грузискиот омбусман претходно апелираше до жителите, медиумите и политичарите да покажат разбирање за проблемите со кои се соочени сексуалните малцинства во земјата.
XS
SM
MD
LG