Достапни линкови

Романија нема да го потпише АКТА


Романија нема да го потпише договорот за борба против фалсификувањето АКТА, изјави денеска романскиот министер за комуникации Дан Ника. „Јас како министер за комуникации можам да кажам дека Романија нема да го потпише договорот АКТА“ рече Ника. Потврдата на министерот доаѓа еден ден откако премиерот Виктор Понта објави дека Романија не може да ратификува „еден договор како АКТА додека тој не претрпи неопходни измени, кои ќе ги гарантираат слободата и личните права на секој од нас“. На 8 мај спорниот договор за борба против фалсификувањето АКТА доживеа нов удар во Европскиот парламент, откако комисијата за граѓански слободи побара тој да биде отфрлен.
XS
SM
MD
LG