Достапни линкови

Курдските бунтовници убиле тројца турски војници


Властите во Турција соопштија дека тројца турски војници загинале во престрелка со курдски бунтовници во југот на земјата. Од канцеларијата на гувернерот на провинцијата Хатај, која се наоѓа покрај турската граница со Сирија, соопштија дека инцидентот се случил во планински регион денеска. Еден мајор и двајца наредници се убиени. За сега нема информации за жртви од бунтовничката страна.
XS
SM
MD
LG