Достапни линкови

Путин ќе ја посети Белорусија


Првата официјална посета во третиот претседателски мандат на Владимир Путин ќе биде во соседна Белорусија. Руските власти соопштија дека претседателот ќе го посети Минск на 31 Мај. Руските медиуми јавуваат дека по Белорусија шефот на државата ќе ги посети Германија, Франција, Казахстан, Таџикистан и Кина. Инаку, Путин ја откажа посетата на САД каде требаше да се сретне со американскиот претседател Барак Обама и лидерите на земјите од групата Г8.
XS
SM
MD
LG