Достапни линкови

Одложено судењето на Ратко Младиќ


Судот за воени злосторства на Обединетите нации го одложи на неодредено време судењето на поранешниот воен лидер на босанските срби Ратко Младиќ, еден ден откако процесот започна. Судијата Алфонс Орие рече дека причина за одлагањето се грешките на обвинителите при презентирањето на доказите пред одбраната на Младиќ. Судијата најави дека во најкус можен рок ќе се утврди точниот датум за продолжување на судскиот процес. Младиќ на 70 годишна возраст се товари за команда на масакрот во Сребреница во 1995 година, кога беа убиени 8.000 мажи и момчиња муслимани. Настанот се смета за најголемо злодело по Втората светска војна. Екс-командантот е обвинет и за оркестрирање на 44-месечната опсада на на Сараево, поради која започна војната. Во конфликтот загинаа 100.000 лица, а повеќе од 2,2 милиони останаа без домови.
XS
SM
MD
LG