Достапни линкови

Мери Кенеди пронајдена мртва


Поранешната сопруга на Роберт Ф. Кенеди Џуниор беше пронајдена мртва во сојузната држава Њујорк. За сега не е утврдена причината за смртта на Мери Кенеди но американските медиуми шпекулираат дека 52 годишната жена се самоубила. Некогашната Мери Ричардсон се омажи за синот на покојниот американски претседател Роберт Кенеди во 1994 година. Парот имаше 4 деца во текот на бракот кој траеше 16 години, пред разводот во 2010 година. Мери Кенеди имаше проблем со алкохолот и дрогата и била уапсена два пати поради возење во алкохолизирана состојба.
XS
SM
MD
LG