Достапни линкови

Најавена жалба на пресудата за украински екс-министер


Јуриј Лутсенко

Јуриј Лутсенко

Адвокатот на Јуриј Лутсенко најави жалба на судската одлука согласно која екс-министерот за внатрешни работи на Украина отслужува затворска казна во времетраење од четири години. Адвокатот Ихор Фомин најави жалба на одлуката на Апелацискиот суд до Специјализираниот суд за цивилни и криминални случаи. Лутсенко беше осуден во февруари за наводна проневера и злоупотреба на службената должност. Екс-министерот тврди дека тој и поранешниот премиер Јулија Тимошенко се жртви на политичко гонење од актуелната влада на чело со нивниот ривал, претседателот Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG