Достапни линкови

Дачиќ: Напад врз полициска станица во Бујановац


Ивица Дачиќ

Ивица Дачиќ

,,Непознати напаѓачи од правец на Косово стрерале врз полициското одделение во Доброшин кое и припаѓа на полициската станица Бујановац, а за среќа никој не е повреден,,. Ова денеска во Белград го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој прецизира дека нападот се случил од правец на местото Стублине кај Гњилане и оти во тој момент на должност биле четворица полицајци. Напаѓачите, според Дачиќ, истрелале триесетина куршуми, по што полицајците одговориле.
XS
SM
MD
LG