Достапни линкови

Косово воведува визи за одредени земји


Косовската влада

Косовската влада

Косовската влада на синоќешната седница донесе одлука за воведување визи за одреден број држави. Без да се наведува за кои држави станува збор, владата соопшти дека изборот на земји бил извршен врз основа на заканата која тие ја претставуваат за безбедноста на Косово и за меѓународниот мир и стабилност. На списокот се и земји кои се на црната листа на Шенген, се наведува во соопштението на владата. Одлуката за воведување визи се споменува во контекст на европските интеграции и стабилноста на Косово, а премиерот Хашим Тачи на седнциата рече дека Косово ќе ги продолжи активностите за остварување на критериумот за интеграција во ЕУ и за либерализација на визите.
XS
SM
MD
LG