Достапни линкови

Србија: ТВ дуел на претседателските кандидати


Борис Тадиќ, Томислав Николиќ

Борис Тадиќ, Томислав Николиќ

Двајцата кандидати кои на 20 мај ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори во Србија синоќа имаа телевизиски дуел. Претседателскиот кандидат на Демократската партија Борис Тадиќ порача дека ако победи нема да ја менува политиката ,,И Европа и Косово,, додека неговиот противкандидат од Српската напредна партија Томислав Николиќ оцени дека тоа било промашена политика. Тој го обвини Тадиќ дека избегнува да ја преземе одговорноста и оти не сака внатре во Србија да биде постигнат консензус за политиката спрема Косово. Двајцата кандидати меѓусебно се обвинија за корупцијата и криминалот во Србија.
XS
SM
MD
LG